Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово
Blog

Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово

Објавено May 18, 2026 16:35
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји.

-Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со институциите на Европската Унија и со земјите членки, за во летниот период, кога ќе настанат најголемите гужви, да постои некаков систем преку кој ќе има олеснувања. Во моментот, бидејќи ништо не ни е официјално потврдено, за жал, и јас ништо не можам официјално да потврдам, но очекуваме како регион, соработувајќи и со земјите членки, кои и самите не сакаат вакви гужви, да има подобри услови од тие што ги имаше во последниот период – рече Муцунски на собраниската седница, посветена на опозициски пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска за тоа каков одговор добиле во врска со одложувањето на EЕС-системот за нашата држава.

Тој посочи дека во текот на претходната недела бил на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со земјите од Западен Балкан, при што лично тој го отворил ова прашање.

-Присуствував и на состанок на министрите за надворешни работи во форматот „Пријатели на Западен Балкан“ во Братислава. Лично бев првиот министер од регионот кој го отвори ова прашање. Исто така, разговарам и билатерално со земјите од регионот. Како еден пример, министерот за внатрешни работи Тошковски пред неколку недели исто така беше во Грција, каде што разговаравме и дискутиравме како да се најде решение колективно за целиот регион. Зошто велам колективно? Затоа што веста што излезе дека граѓаните на Србија се исклучени од ЕЕС, е лажна вест, неточна информација. Точно е дека се појави во неколку медиуми, но јас наредниот ден таа информација ја нареков политички естраден настап, затоа што е апсолутно неточна – рече Муцунски.

Тој додаде дека согласно правилата на Европската Унија, таков тип на индивидуален исклучок, прво, не може да се направи, а второ, ако се погледнат условите на граничните премини, таква одлука не може да се имплементира. Додаде дека кога ќе се создаде гужва, не може да се направи една лента со колона само за граѓани на одредена земја.

-Информацијата за индивидуално исклучување на одредени земји е неточна, односно лажна вест, што се пласираше во одредени медиуми. Јас тоа го видов од медиуми во соседна Србија, затоа секогаш треба да бидеме внимателни кога читаме вакви информации и да ги следиме официјалните податоци и информации што доаѓаат од ЕУ, од земјите членки на ЕУ, но и од македонските институции – нагласи Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни
Следна Статија ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Во вас се збуди промена и внатрешна трансформација вас поттикна во нови почетоци. Возбудена и…

February 10, 2025

Unlock the full potential of your Galaxy S26 with Spigen’s MagFit ecosystem – 9to5Google

The Galaxy S26 looks and feels pretty similar to previous phones in the series, so if you’re upgrading this year,...

March 2, 2026

Обсуждение с экспертами: безопасно ли приложение Мостбет?

Обсуждение с экспертами: безопасно ли приложение Мостбет?Приложение Мостбет стало широко популярным среди любителей ставок на спорт и азартных игр благодаря…

February 27, 2026
Blog

Безбедносна закана го погоди Microsoft Copilot со софистициран напад

Експлоит кој може да извлече приватни податоци дури и по затворање на прозорецот за разговор

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?