Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници
СВЕТ

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Објавено May 22, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Британската влада ќе воведе употреба на лекови за потиснување на сексуалниот нагон кај сексуални престапници со цел да се намали ризикот од повторен прекршок и да се намали притисокот врз затворскиот систем, изјави денеска министерката за правда Шабана Махмуд.

Таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори во два региона на земјата.

„Од суштинско значење е овој пристап да се имплементира заедно со психолошки интервенции насочени кон други причини за извршување на овие злосторства“, рече таа.

Иако беше посочено дека хемиската кастрација нема да биде ефикасна за некои сексуални престапници, Махмуд рече дека истражувањата покажуваат дека таа може да го намали повторувањето на кривично дело до 60 проценти.

Таа мерка се користи во Германија и Данска на доброволна основа, а во Полска е задолжителна за некои сторители на прекршоци.

Препораката за воведување на хемиска кастрација е дел од обемна ревизија на британскиот затворски систем предводена од поранешниот министер за правда Дејвид Гоук.

Гоук бараше начини за намалување на повторувањето кривични дела со цел да се олесни работењето на затворскиот систем што е речиси полн.

Новата министерка, Махмуд, ја одобри програмата на Гоук за предвремено ослободување на криминалци од затвор.

Ревизијата на Гоук предвидуваше укинување на казни помали од една година, освен во исклучителни случаи, како што е семејното насилство, и тој побара итна депортација на странци осудени на помалку од три години затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена
Следна Статија Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Советот за безбедност на ОН се сети дека треба да се состане за американските напади во Иран

Советот за безбедност на ОН ќе се состане подоцна денеска, соопштија дипломати. Состанокот е закажан откако САД се придружија на…

June 22, 2025
СВЕТ

САД и Израел го нападнаа Иран

Американските напади врз Иран се извршуваат од воздух и од море, изјави американски функционер за Ројтерс. Израелскиот министер за одбрана…

February 28, 2026
СВЕТ

Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во…

November 29, 2024
СВЕТ

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Иран за првпат денеска лансираше ултратешка балистичка ракета со среден дострел „Саџил“ во борбени услови, и таа ракета беше лансирана…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?