Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена
ЕКОНОМИЈА

Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена

Објавено May 22, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека новиот Закон за енергетика е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“, со што по предвидениот рок од денот на објавувањето и официјално започнува неговата примена.

Од Министерството посочуваат дека овој системски закон што беше изгласан во Собранието, претставува нов темел на енергетската политика во земјата – закон со кој темелно се регулира овој сектор и кој нуди визија за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина.

Притоа, се додава дека новиот Закон за енергетика е резултат на посветената работа на домашни експерти од Министерството. Донесен преку инклузивен процес што ги вклучи сите релевантни чинители – институции, експерти, оператори, бизнис-секторот, регулаторното тело и граѓански организации. Со имплементацијата на новиот закон, Македонија добива јасна и стабилна рамка за: значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка, повисока енергетска ефикасност и намалување на загубите, отворен пазар и активно учество на граѓаните како производители и потрошувачи на енергија, заштита на ранливите категории и намалување на енергетската сиромаштија, предвидлив амбиент за домашни и странски инвестиции во нови енергетски капацитети.

„Официјалната примена на законот претставува почеток на конкретни активности за дигитализација, модернизација и зелена трансформација на енергетскиот сектор, во насока на еколошка, економска и социјална одржливост“, се вели во соопштението до медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците
Следна Статија Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цените на гасот во Европа паднаа за речиси 20% по прекинот на огнот меѓу САД и Иран

Цените на европскиот природен гас нагло паднаа во денес, намслувајќи се за речиси 20% од претходната сесија, бидејќи привременото прекинување…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата даваат резултат

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?