Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра
ЕКОНОМИЈА

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

Објавено October 11, 2025 10:47
Сподели
Сподели

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ.

Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, посочуваат од Министерството за финансии. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија. Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стока ослободена од данок што понатаму се продава на домашниот пазар. Со оваа измена, државата праќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании што создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата – посочуваат од МФ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција
Следна Статија Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%

Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги достави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: По Локалните избори нови мерки и поволности за купување на станови и куќи за младите

Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но…

September 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува…

May 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?