Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година
ЕКОНОМИЈА

Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година

Објавено May 30, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година истекува утре 31 мај 2025 година.

Со оглед на тоа што редовниот рок за потврдување или корекција на ГДП пријавата е во неработен ден, краен рок за потврда или корекција на остварените приходи за минатата година ќе се смета 2 јуни 2025 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2024 година треба најдоцна до 2 јуни 2025 година – понеделник да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат или коригираат доколку има потреба.

По овој рок сите пријави кои се непотврдени ќе се сметаат за конечни, додека коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи. Кај даночните обврзници каде постои обврска за доплата на данок, ќе биде издаден налог за доплата, додека оние со повеќе платен данок можат да побараат враќање на средствата.

Управата за јавни приходи во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се вкупно 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе даночни пријави споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02 3253 200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За првпат изведена микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда во Македонија
Следна Статија Загрижувачки податоци: Петгодишно дете најмал регистриран корисник на дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?

Во 2024 година, македонските државјани преку своите платежни картички во странство реализирале онлајн купувања во вредност од 284,4 милиони евра,…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?