Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%

Објавено September 6, 2025 14:01
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи се на последните податоди од Државниот завод за статистика за пазарот на труд тврди дека власта ја стабилизира економијата.

-Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст. Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина. Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%.Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година, вели Мицкоски.

Според него, Македонија одела напред.

-Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, вели Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се шверцал добиток од Македонија во Албанија
Следна Статија Целосно затемнување на Месечината на 7 септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско

Немаат вработени, а бизнисот им оди добро. Толку добро што приходите и профитот се мерат во милиони евра. Ни денар…

June 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

IBM близу до договор за купување на Confluent во вредност од 11 милијарди долари

Меѓународната корпорација за бизнис машини (IBM) е во напредни преговори за преземање на фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството да се занимава со СДСМ – ширењето паника и страв околу мигранти е насилство

Обвинителството да се позанимава со изјавите на СДСМ околу мигрантите побара премиерот Христијан Мицкоски денеска. Тој кажа дека од СДСМ…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?