Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен

Објавено March 25, 2025 19:43
Сподели
Сподели

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија била 22,9 отсто, покажаа дефинитивните податоци за Лаекенските индикатори за сиромаштијата, кои ДЗС ги пресметал врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година била највисока, односно 27,2 отсто.

Она што загрижува е фактот дека и покрај тоа што имале работа, стапката на сиромашни вработени лица била 8,9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери била 9,9 отсто. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) е 29,8 отсто, покажа истражувањето на ДЗС.

-Пред три години, прагот на сиромаштија за едно самечко домаќинство, бил со годишен еквивалентен приход од речиси 130 илјади денари, додека едно четиричлено домаќинство со двајца возрасни и две деца помали од 14 години), со годишен од над 272 илјади денари, се третирало како сиромашно. Дури 41,6 отсто од населението било сиромашно пред да добие социјална помош или пензија – објави ДЗС.

Жените (22,6 отсто биле посиромашни од мажите (23,1 отсто), а како најзагрозени се сметаат оние во групата од 0 до 17 години, бидејќи не остварувале никакви приходи. Воопшто најподложни на сиромаштија биле самохраните родителие со издржувани деца – 51,8 отсто.

-Стапка на сиромаштијата со вклучени пензии е најдрастична и таа изнесува дури 26,5 отсто од населението – покажува анализата на ДЗС за сиромаштијата во 2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација
Следна Статија Мечот прекинат во 59-тата минута во спомен на жртвите од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување…

July 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мемов: Пензиите не се доведени во прашање

По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ), се огласи директорот на, Никола…

June 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?