Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој

Објавено November 14, 2025 16:15
Сподели
Сподели

Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година.

Комисијата треба да ја почне амандманска расправа по Предлог-буџетот.

-Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за економија што расте, за држава што инвестира и за Влада што знае што прави, потенцира министерката.

Откако ги соопшти проекциите, таа рече дека од Комисијата очекува аргументирана, квалитетна и продуктивна дискусија.

По Димитриеска-Кочоска, пред членовите на Комисијата се обраќа и претседателот на Фискалниот совет Абдулменаф Беџети, кој го дава видувањето за проектираниот Буџет.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар
Следна Статија Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите

Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа…

February 26, 2026

Ексклузивно | ЏПМорган Чејс склучи договор за презимање на Apple кредитната картичка

Стратешки потез во финансискиот сектор со значајни импликации за корисниците

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња“…

April 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?