Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите

Објавено February 26, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието.

Како што најавивме половина од уплатените 3 милијарди денари ќе бидат вратени во март. Процесот за да се организира целата постапка беше тешка, но Министерството за финансии беше транспарентно и во постојана комуникација со приватниот сектор. Требаше да се воспостави комуникација со сите компании, па најпрво одлучивме да воспоставиме комуникација со стопанските комори, каде разговаравме за нашите размислувања и предлози, а потоа да донесеме заеднички пристап. Во август 2025 година, Владата нè задолжи како Министерство за финансии да испратиме официјални дописи до сите 156 компании, со барање да се произнесат за моделот на враќање на средствата. Нашиот предлог беше враќањето да се реализира на две рати: првата во март 2026 година и втората во март 2027 година, предлог којшто најголемиот дел од компаниите го прифатија, рече министерката за финансии.

Таа појасни дека не случано е избран март за да се реализира процесот на враќање, бидејќи во тој период се поднесуваат завршните сметки и се плаќа данокот на добивка, а со оглед на тоа што данокот на солидарност по својата природа е сличен, целта беше да се совпадне периодот со можност компаниите да извршат пребивање на обврските.

Наведе дека е донесена одлука за подготвување измени и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот за барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок, заедно со упатството за пополнување и дека тој е веќе донесен и објавен во „Службен весник“, по што компаниите можат да поднесуваат барања до Управата за јавни приходи.

Министерката потсетувајќи дека Законот е донесен во 2023 година и дека на 5 февруари 2025 година Уставниот суд го поништи Законот, рече дека се создаде ситуација во која преку неуставен закон се собрале средства, средствата се потрошени, а денес оваа Влада ги враќа.

Факт е дека беа собрани 3 милијарди денари од приватниот сектор со Закон за којшто се знаеше дека ќе падне. Факт е дека тие средства беа потрошени, оставајќи сериозни обврски што денес оваа Влада ги сервисира. Очигледно беше дека предлагачите знаеле дека изборите во 2024 година ќе ги изгубат и дека некој друг ќе треба да се грижи за враќањето на средствата“, рече министерката и потенцира дека оваа Влада во ниту еден момент не донесе ад-хок одлука, одлука недоговорена со приватниот сектор, ниту пак донесе мерка што дополнително ќе ги оптовари компаниите или граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На бугарскиот премиер идол му е Артан Груби, игра фудбалче во кабинетот
Следна Статија Бил и Хилари Клинтон се знаат со Епштајн од телевизија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ова се новите зголемени цени на горивата

Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00…

May 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски

Владата донесе одлука. Дали некому таа му се допаѓа или не му се допаѓа, таа одлука е резултат на сите…

February 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на Коридорот 8

Почнато е со изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а претходно ја решаваме експропријацијата на земјиштето и отстранување на…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?