Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот
ЕКОНОМИЈА

Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот

Објавено November 20, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет.

За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со кое Imlek преминува во сопственост на семејниот инвестициски холдинг на Андреј Јовановиќ (AJFH) како водечки инвеститор и Бојан Радун, долгогодишен генерален директор на Imlek, кој ќе продолжи да ја води компанијата и во новата структура. Договорот предвидува завршување на трансакцијата во првиот квартал од 2026 година, согласно сите редовни процедури на купопродажба.

Претприемачите Јовановиќ и Радун истакнуваат дека во Imlek гледаат огромен потенцијал за натамошен раст и развој преку засилени инвестиции, унапредување на оперативната ефикасност и континуирани иновации во производството и портфолиото.

Компанијата е препознатлива по силните брендови, а нејзината водечка пазарна позиција на Западен Балкан претставува значајна основа за понатамошно проширување.

Под капата на Imlek функционираат четири производствени капацитети, каде покрај Бимилк и два производни погони во Србија, е и Млијекопродукт од Босна и Херцеговина. Компанијата годишно преработува околу 350–400 милиони литри сурово млеко и соработува со повеќе од 3 500 фармери во регионот.

Со најавената промена на сопственоста, Imlek влегува во нова развојна фаза која дополнително ќе ја зајакне неговата позиција како најголем млечен бренд на Балканот, со јасна визија за раст, модернизација и поддршка на локалното производство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари
Следна Статија Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме

13 отсто од вработените во Македонија, или околу 70.000 работници на 16 декември не ја земале ноемвриската плата, покажуваат податоците…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кевин Хасет се издвојува како главен кандидат за претседавач на Федералните резерви

Со Хасет, Трамп би имал близок сојузник кого добро го познава и на кого му верува во независната централна банка

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

Тргувачите гледаат висок потенцијал за владина интервенција за поддршка на валутата

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочовска: Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?