Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
ЕКОНОМИЈА

Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици

Објавено April 11, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Во време на економски предизвици и глобални трансформации, потребата од јасен, стручен и одговорен глас на економистите е поголема од кога било. Сојузот на економисти на Македонија – институција со повеќедецениска традиција и влијание – започнува нова фаза на ревитализација, обновена мисија и активно вклучување во јавниот и стручниот дискурс.

На денешното Годишно собрание оддржано во просториите на МАНУ, за претседател на Сојузот беше избран проф. д-р Борче Треновски, професор на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во своето обраќање, тој истакна:

„Оваа институција – која повеќе од пет децении ги обединува економистите во земјата – повторно ќе стане отворена, стручно заснована и инклузивна платформа. Потребно е, повеќе од кога било, да ја реафирмираме улогата на економистите во унапредување на економската мисла и примената на знаењето во креирањето политики и подобрување на економското окружување во земјата. Сојузот треба да биде форум каде ќе се сретнат науката, практиката и јавниот интерес – со јасна улога и во националното и во глобалното економско окружување.“

Со новата визија, Сојузот ќе ги обедини академиците, истражувачите, професионалците од јавниот и приватниот сектор, како и новата генерација млади економисти, со цел заеднички да придонесат кон забрзан и одржлив долгорочен економски развој на Република Македонија, се вели во соопштението на Сојуз на економисти на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
Следна Статија Путин и специјалниот американски претставник Виткоф на средба во Санкт Петербург

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Сојуз на синдикати в среда организира протест за повисоки плати

Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра…

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични…

April 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?