Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин и специјалниот американски претставник Виткоф на средба во Санкт Петербург
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин и специјалниот американски претставник Виткоф на средба во Санкт Петербург
СВЕТ

Путин и специјалниот американски претставник Виткоф на средба во Санкт Петербург

Објавено April 11, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф се сретнаа денеска во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на Кремљ.

На почетокот на средбата во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, Виткоф му се заблагодари на рускиот лидер за одвоеното време, пренесе Скај Њуз.

Специјалниот пратеник на САД, гледајќи го Путин, си ја поправи вратоврската, а потоа ја стави дланката на градите, пренесува РИА Новости.

После тоа се ракувале, а ракувањето траело седум секунди, пренесува РИА Новости.

„Господине претседателе… Ви благодариме за одвоеното време“, рече Виткоф.

Политичарите потоа разговорот го продолжија зад затворени врати.

BREAKING 🚨 President Trump’s Envoy is meeting with Vladimir Putin today. Peace through strength

TRUMP IS A TRUE LEADER pic.twitter.com/gXt3W3YkXg

— MAGA Voice (@MAGAVoice) April 11, 2025

Како што претходно јави руската агенција, Виткоф, кој денеска пристигна во Санкт Петербург, претходно во хотелот Гранд Европа во Санкт Петербург се сретна со специјалниот пратеник на рускиот претседател и извршен директор на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, пред средбата потврди дека таа ќе се одржи зад затворени врати.

„Средбите не се тајна, ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Тој двапати дојде во Москва, денес – во Санкт Петербург… Но, самиот преговарачки процес е затворен процес“, му рекол Песков на рускиот новинар Павел Зарубин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесува руски Интерфакс.

Според него, Путин и Виткоф ќе продолжат директно на разговорите што се водат во зградата на претседателската библиотека во Санкт Петербург.

„Преговорите почнуваат веднаш. Обиколка на библиотеката нема да има“, рече Песков.

Тој додаде дека ракувањето меѓу Путин и Виткоф на почетокот на средбата „е сосема нормален показател, ова не е прв пат тие да се сретнат“.

Песков рече дека не е одредено време за оваа средба.

„Тоа ќе се одвива се додека е потребно, а ќе се разговара за различни аспекти на решението за Украина, билатералните односи и нормализацијата на активностите на дипломатските мисии“, додаде Песков.

Претходно прес-службата на Кремљ објави дека средбата меѓу Путин и Виткоф започнала во претседателската библиотека во Санкт Петербург и објави видео од нивното ракување пред почетокот на разговорот.

Последен пат Путин беше домаќин на Виткоф во Москва на 13 март 2025 година, а претходната средба беше одржана на 11 февруари, по што следеше голема размена на руски и американски затвореници.

Сепак, ниту Кремљ ниту Белата куќа официјално не го потврдија фактот за првата средба. На 23 февруари Виткоф рече дека се сретнал со Путин, но не прецизираше датум.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
Следна Статија За овие хороскопски знаци, 12 април ќе биде совршен ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски објави вознемирувачко видео: Русија фрли 1.100 бомби врз Украина во изминатата недела

По уште една недела интензивни руски воздушни напади врз неговата земја, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повтори својот повик…

October 27, 2024
СВЕТ

ВИДЕО: Мал авион се урна на аеродромот во Лондон, бројот на патници е непознат

Британските медиуми пренесуваат дека локалната полиција на Есекс е сè уште на местото на настанот. Полицијата соопшти дека била предупредена…

July 14, 2025
СВЕТ

Масовни протести во Шпанија против високите кирии: Не се живее во сопствените градови

Под слоганот „Домувањето е право, а не бизнис“, жителите маршираа низ шпанскиот главен град барајќи пониски цени за изнајмување и…

October 14, 2024
СВЕТ

Национални избори во Тајланд 2026: Гласачите на изборни места во клучни избори

Тајландските гласачи ќе изберат нов парламент и ќе гласаат за референдум за уставот на земјата.

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?