Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
СВЕТ

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Објавено March 20, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.

„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.

„Оние кои сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Гренланд почна бојкот на американски стоки
Следна Статија Црвен крст: Досега обезбедни 42.7 милиони денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ ​​и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат…

January 22, 2025
СВЕТ

Протести во Лос Анџелес: Фрлен молотов коктел врз полицијата, масовни апсења

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, воведе полициски час во центарот на градот, кој беше на сила од 20 часот…

June 11, 2025
СВЕТ

Хамас: Во изминатите 24 часа во Газа загинаа најмалку 84 лица, вкупно 42.603 жртви

Најмалку 84 лица загинаа во појасот Газа во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на…

October 20, 2024
СВЕТ

Вети дека ќе ја укине воената помош на Украина: Милијардерот Бабиш е нов премиер на Чешка

Чешкиот претседател Петр Павел денеска го назначи милијардерот Андреј Бабиш за нов премиер, повеќе од два месеца откако неговата популистичка…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?