Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата
ЕКОНОМИЈА

До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата

Објавено May 24, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Финансиска поддршка до 100.000 евра, која треба да им помогне да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток, за младите брачни парови кои би се преселиле на село и би се занимавале со земјоделие. Ова се само дел од мерките од новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и е даден на увид на јавноста, чија цел е заживување на руралните средини и стимулирање на земјоделците да се здружуваат за да станат поконкурентни.

Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години.

Финансиската поддршка изнесува 80% од вредноста на прифатливи и направени трошоци, најмногу до 6.000.000 денари по брачен пар. Периодот на користење на поддршката е проектен циклус во траење од 3 последователни години. Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата, се наведува во челнот 138 од предложениот текст на законот.

Доколку младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка.

Исто толку пари (100.000 евра) ќе добијат и младите на возраст до 40 години, кои ќе отворат бизнис поврзан со земјоделството или шумарството, вклучително и основање нови семејни земјоделски стопанства или диверзификација на доходот на земјоделските домаќинства во неземјоделски активности и започнување бизнис за неземјоделски активности во руралните области како дел од стратегиите за локален развој.

Поддршка со 20.000 евра ќе добијат и млади земјоделци кои ќе почнат земјоделска дејност, потоа активни женски членови на земјоделско семејство и за развој на микропретпријатија, воведување иновативни практики и воведување нови економски дејности на село.

Посебна поддршка е предвидена за жените како носителки на производството. Таа е во висина до 6.000 евра.

Помош од 10.000 евра ќе добиваат и младите кои за првпат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку наследување или преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување ново земјоделско стопанство.

Новиот закон треба да обезбеди усогласување со европските директиви во делот на директните плаќања и уредувањето на земјоделските пазари. Јавниот увид на текстот на законот трае до 28 мај, а за 2 јуни е планирана јавна расправа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје
Следна Статија Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ бара 500 евра минимална плата пред избори

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија тоне, обвини ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој,…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?