Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
СПОРТ

Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома

Објавено November 20, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Селекторот Благоја Милевски во првата оценка по денешната жрепка за мундијалскиот плејоф во кој македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето ја доби Данска, рече дека станува збор за исклучително квалитетна репрезентација, додавајќи оти во оваа фаза на квалификациите нема лесни противници.

Жрепката која попладнево беше извлечена во седиштето на ФИФА во Цирих, одлучи македонската репрезентација да ѝ гостува на Данска на 26 март во полуфиналниот бараж, додека во случај на триумф, избраниците на Милевски во финалето на 31 март, исто така, на гостински терен ќе играат против победникот од второто полуфинале меѓу Чешка и Република Ирска.

„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме каква било прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, истакна Милевски во изјава за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот
Следна Статија Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Германија се пласира во полуфиналето на ЕП, Дончиќ за судењето: Вакво нешто никогаш не ми се случило во животот

Кошаркарите на Германија обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство. Во натпревар полн со возбудувања, актуелните светски шампиони ја победија…

September 11, 2025
СПОРТ

Ферстапен победи во Јапонија

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија. На култната патека во Сузука, актуелниот светски првак победи пред…

April 6, 2025
СПОРТ

Обвинителството бара две и пол години затвор за Раул Асенсио

Јавниот обвинител во Шпанија бара две и пол години затвор за играчот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради споделување видео…

August 2, 2025
СПОРТ

Синер го освои Мастерсот во Мајами

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?