Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност

Објавено March 31, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите.

„Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспареноста и ефикасноста на целиот процес, а поедноставената и стандардна документација отвора можност за учество на повеќе компании во овој процес и згомемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Новите алатки овозможуваат и придонесуваат за усогласување со стандардите и регулативата на ЕК и исчекор во востанувањето на ЕСЈН на официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД), се имплементира процес на автоматско креирање на тендерска документација со што значително ќе се подобри квалитетот на тендерските документации, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се намали поништувањето на постапките. Ќе се скрати и времето за учество на постапките и ќе се постигне поголема сигурност и интегритет во креирањето на понудата.

Воведувањето на алатка за структуирање на финансиската понуда на компаниите, која ќе доведе до поголема транспарентност и полесна следливост на цените, ќе овозможи подобар мониторинг и подетална анализа на цените на понудите и вредноста на договорите за јавни набавки, споредба на единечни цени на ист предмет на набавка со други институции, споредба со цени од претходни години и сл. Со ова ќе се има увид во генералните движења на цените на производите и услугите на пазарот за јавни набавки, компаративна анализа, проектирање на трендови итн.

Целокупната надградба на системот, покрај горенаведените бенефити и подобрувања, претставува основа за наредна поголема реформа во работењето на јавниот сектор, како на пример воведување унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи.

Тимот во Бирото за јавни набавки, предовден од директорката Маре Богоева Мицовска, останува посветен континуирано да го подобрува системот на јавните набавки на сите полиња, како во делот на воведување иновативни електронски алатки, така и за зајакнување на интегритетот и довербата во постапките за јавни набавки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради
Следна Статија Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на ЕУ средства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со…

April 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените во Охрид летнаа до плафон: Еве колку чини еспресо, салата, пица…

Со почетокот на летната сезона во Охрид, повторно се појавија реакции од туристите за високите цени во кафулињата и рестораните…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?