Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието
ЕКОНОМИЈА

Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието

Објавено April 9, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите.

Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години, по предлог на гувернерот Трајко Славески.

Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години работно искуство во Народната банка. Во текот на својата кариера, Митреска има дадено значаен придонес во областа на макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката дејност, а активно учествувала и во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг. Таа е авторка на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

За вицегувернер е избран и Игор Величковски, долгогодишен истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, во Обединетото Кралство, и повеќе од 30 години е дел од Народната банка. Пред изборот за вицегувернер, Величковски ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, каде што бил вклучен во клучни реформи за модернизација на платната инфраструктура, како и во процесот на приклучување на земјата кон Единствената европска област за плаќања – СЕПА во 2025 година.

Со давањето на свечената изјава, Митреска и Величковски и формално ги преземаа своите должности во раководниот тим на Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожарот во „Пулс се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи стампедо кон единствениот излез
Следна Статија Велигденско послание на г.г Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Како што се заострува „војната за AI таленти“ меѓу компании како OpenAI, Meta и Anthropic, Гугл еден од начините да…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?