Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал

Објавено March 29, 2026 16:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава е преку 30 проценти, а кај транспортот изнесува над 50 отсто од предвиденото.

Мицкоски, како што изјави денеска, е исклучително задоволен од динамиката на изградбата на автопатите и очекува сите планирани рокови за завршување на активностите да бидат запазени.

Одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“, премиерот информира дека изградбата на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан најверојатно ќе претрпи измени, но разговорите околу тоа се уште се во тек и не е донесена конечна одлука.

-Повеќе од 30 отсто изнесува реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал годинава кој се уште не е завршен, значи, над 30 проценти, што е исторски можеби најдинамична реализација на капитални инвестици. Мислам дека транспорт има над 50 отсто од тоа што беше предвидено. Нема сопирање, продолжуваме да работиме. Исклучитлено сум задоволен од динамиката во однос на автопатите. Очекувам сите рокови што ги дадовме да бидат завршени. Автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, најверојатно нема да остане во план зашто не зависи од нас, туку од УНЕСКО. Но, се бара начин како да се заокружи и таа целина зашто влегува во периметарот на УНЕСКО. Ќе најдеме начин како повторно да имаме безбеден сообраќај меѓу тие две отсечки. Во овој момент уште се преговара, разговара и не е донесена конечна одлука. Најверојатно тука ќе треба да имаме некакви измени, рече Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака ќе изгледа новиот охридски аеродром (ФОТО)
Следна Статија Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски денеска на Фејсбук објави став во кој се повикува на економската школа на нобеловецот…

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Колку пари им заштеди „училишната кошница“ на семејствата со ученици?

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари од акцијата „Училишна кошничка“, која траеше до 15 септември,…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?