Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на АХВ со камери ги шпионира и ги демне вработените?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорот на АХВ со камери ги шпионира и ги демне вработените?
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АХВ со камери ги шпионира и ги демне вработените?

Објавено April 8, 2026 17:30
Сподели
Сподели

Сериозни сомнежи за злоупотреба на видеонадзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде што вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави порталот „А1он“.

Како што пишува порталот, повикувајќи се на сведоштва од вработени, во Агенцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери распоредени на повеќе катови, кои ги покриваат ходниците, влезовите и пристапите до канцелариите. Според вработените, она што загрижува е начинот на кој камерите се користат.

Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е постојано вклучен и се користи за директно следење на нивното движење.

– Се гледа кој каде оди, кој влегува во која канцеларија, па дури и кога некој оди во тоалет – велат извори од институцијата за А1он.

Ова, според нив, создава атмосфера на постојан притисок и страв, каде секое движење е потенцијално предмет на контрола. Дополнителна загриженост, според нив, претставува тоа што не е јасно кој има пристап до снимениот материјал, ниту каде и како истиот се чува и архивира.

Поради овие сомнежи, веќе е поднесена претставка до надлежната институција, со барање да се испита дали директорот го прекршил Закон за заштита на личните податоци.

Според содржината на претставката, видеонадзорот во АХВ излегува надвор од законската рамка и се користи како средство за контрола, а не за безбедност.

Од Агенцијата за заштита на личните податоци се очекува да утврди дали постои прекршување на законот, но и да постави јасни граници за тоа до каде смее да оди видеонадзорот во јавните институции.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов е член на Социјалистичка партија и назначен е на оваа позиција како политичко решение. Нема соодветно образование за функцијата во АХВ бидејќи дипломирал Стоматологија, но не успеал да го положи завршниот државен испит на овој факултет и при неколку обиди. Син е на поранешниот пратеник на Социјалистичката партија, Стојан Миланов, и внук на долгогодишниот прв човек на партијата Љубисав Иванов-Ѕинго.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Советот на јавни обвинители ја констатира оставката на обвинителката Ленче Ристоска
Следна Статија Цените на гасот во Европа паднаа за речиси 20% по прекинот на огнот меѓу САД и Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Локализиран е пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО: Чествување на големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието. Потоа ќе положи цвеќе и…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?