Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1
ПОЛИТИКА

Директорот на ЕСM Узунчев: Грантот од Светска банка ќе се употреби за изградба на гасната електрана РЕК Битола 1

Објавено June 12, 2026 12:04
Сподели
Сподели

Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев најави дека компанијата следната недела ќе добие грант од Светската банка за изградба на гасната електрана РЕК „Битола 1“ за која планира да ги троши предвидените количини гас од терминалот во Александрополис.

– Во АД ЕСМ изминатиот период работиме со полна пареа на развој на проекти за изградба на комбинирани гасни електрани. Тоа е нашиот одговор на глобалните барања за енергетска трансформација и планот со кој постепено ќе го замениме јагленот. Можам да најавам дека веќе наредната недела компанијата ќе потпише грант со Светската банка во износ од 2,4 милиона долари. Овие средства се наменети директно за проектот за гасната електрана РЕК „Битола 1“, која ќе се гради во кругот на постојните термоелектрани „Битола“- нагласи Узунчев за МИА.

Посочи дека средствата од грантот ќе бидат целосно насочени кон комплетна и детална подготовка преку изработка на потребните студии, подготовка на проектот и подготовка на тендерската документација за изведба на изградбата на новата гасна електрана РЕК „Битола 1“.

– Штом заврши таа фаза, веднаш ќе распишеме јавен повик по строгите правила на Светската банка, со кој ќе се бара изведувач на изградбата – рече Узунчев и додаде дека проектот „РЕК Битола 1“ на гас предвидува инсталиран капацитет помеѓу 250 и 300 мегавати (MW), а целосната реализација на овој мегапроект се очекува да заврши до 2030/2031 година, што секако ќе зависи и од времетраењето на самите тендерски постапки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ајм фром Босниа, тејкми ту Америка“: Вечерва навиваме за БиХ
Следна Статија Moже ли да се излечиме со позитивни мисли?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што…

December 18, 2025
ПОЛИТИКА

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица

Разочаран од последните обиди на неговите сопартијци да политички да поентираат врз трагедиајта во Кочани, Јован Јанев преку долг пост…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?