Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво, препорака од словенечкиот „ДЕЛО“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво, препорака од словенечкиот „ДЕЛО“
БАЛКАН

Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво, препорака од словенечкиот „ДЕЛО“

Објавено March 24, 2026 13:58
Сподели
Сподели

Скопје повторно се најде во фокусот на регионалните медиуми, овојпат како најповолна дестинација за точење гориво на Балканот. Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа за цените на горивата во регионот јасно препорачува – возачите да издржат до македонската престолнина.

„Ако одите на Балкан, издржете до Скопје и точете таму“, наведува словенечкиот медиум, посочувајќи дека Македонија нуди најниски цени на горивата во споредба со другите земји од поранешна Југославија.

Во анализата се потенцира дека владите во регионот се обидуваат да го ублажат растот на цените преку различни мерки, како намалување на акцизи и даноци, но просторот за дополнителни интервенции е ограничен.

„Владите на земјите од Западен Балкан на различни начини се обидуваат да го запрат растот на цените на горивата“, се наведува во текстот.

Сепак, и покрај тие мерки, Македонија останува најисплатлива опција за возачите, што ја прави атрактивна не само за домашните граѓани, туку и за транзитните патници и туристи.

Зголемувањето на цените на светските пазари, како што посочува „Дело“, дополнително го стеснува маневарскиот простор на владите, што значи дека разликите меѓу земјите ќе останат значајни.

Во таков контекст, препораката за точење во Скопје не е само практичен совет, туку и показател дека Македонија во моментов е лидер по најниски цени на горивата во регионот.

Линк од текстот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата реагираше навремено и одлучно за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата
Следна Статија Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“. Според истражувањето, 50…

May 29, 2025
БАЛКАН

И во Босна масовна емиграција како во Македонија: На последниот попис изгубила повеќе од 620.000 жители

Босна и Херцеговина изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис во 2013 година, што е последица на масовната емиграција…

July 29, 2025
БАЛКАН

Ученик во основно училиште во Белград приведен откако донел список за отстрел и нож

Седмооделенец од Белград е спроведен во полиција на сослушување поради сомнение дека вчера во школото донел список за отстрел и…

June 11, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО)Уапсен директорот на ЈСП во Нови Сад, продавал кокаин со „Балканскиот картел“

Младен Паповиќ, в.д директор на ЈГСП „Нови Сад“, денеска е уапсен како дел од криминална група позната како „Балкански картел“,…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?