Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
БАЛКАН

Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото

Објавено May 29, 2025 19:59
Сподели
Сподели

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“.

Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините.

Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето кон еврозоната.

Во оваа група спаѓаат и Шведска со 55 проценти од населението против еврото, Полска со 59 проценти, Чешка со 63 проценти и Данска со 65 проценти.

Бугарските економисти во моментов се поделени околу тоа дали нивната земја е подготвена да се приклучи кон еврозоната на почетокот на 2026 година, додека банкарскиот сектор објави дека е добро подготвен за овој чекор.

Во својата порака, организацијата нагласува дека банкарскиот сектор во земјата е веќе длабоко интегриран со еврозоната, отворајќи го патот за непречена транзиција.

Дополнително, ниското ниво на јавен долг во Бугарија се издвојува како клучен позитивен фактор, со сооднос на јавен долг со БДП од 24,1 процент на крајот од годината, што е далеку под просекот на ЕУ од 81 процент.

Буџетскиот дефицит на Бугарија останува во рамките на прагот од три проценти, а економијата забележа солиден раст од 3,1 процент во првиот квартал од 2025 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноле се присети: Татко ми еднаш стави десет марки на масата и рече – тoa e се што имаме
Следна Статија Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Владата на Република Српска синоќа по итна постапка усвои неколку законски предлози и ги испрати на разгледување до Народното собрание…

February 27, 2025
БАЛКАН

Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој беше тешко повредено при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по…

March 21, 2025
БАЛКАН

Дијана Хрка продолжува да штрајкува со глад: „Вучиќ, нема да ти простам“

Мајката на Стефан Хрка, Дијана Хрка го продолжува штрајкот со глад. Нејзиниот син почина при падот на натстрешницата во Нови…

November 9, 2025
БАЛКАН

Зетот на Трамп гради луксузен комплекс во центарот на Белград со милијардер од ОАЕ

Зетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати Мохамед Алабар заеднички ќе изградат…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?