Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
СПОРТ

Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

Објавено May 29, 2025 20:01
Сподели
Сподели

Селекторот на женска сениорска одбојкарска репрезентација Стефан Пауновиќ се одлучи со кои 14 репрезентативки ќе настапи на првиот натпревар против Луксембург, кој Македонија го игра утре во Струмица на отворањето на првиот турнир од ЦЕВ Европската сребрена лига.

Коректорот на шампионот Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска отпадна од составот поради повреда на скочниот зглоб на еден од последните тренинзи и таа е веќе во процес на санирање на повредата, со цел што побрзо да се врати на теренот, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Покрај неа во составот ја нема ниту интернационалката Ерјона Јонузи.

„Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок“, образложи селекторот Пауновиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург е закажан за утревечер со почеток во 20 часот во салата „Парк“ во Струмица, а првиот од серијата турнири во рамки на Европската сребрена лига македонските одбојкарки ќе го комплетираат в недела со дуелот против Швајцарија, во истиот термин

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
Следна Статија Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Полицијата уапси околу 780 лица во нередите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по…

May 31, 2026
СПОРТ

Ѓорческа поразена во второто финале во 2025 година

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето…

August 10, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Црногорски судија удри косовски боксер со пехарот по глава

Шокантна сцена го одбележа меѓународниот турнир во кик бокс „Цетиње – Црна Гора Фајт III“, кој се одржа во СЦ…

November 24, 2024
СПОРТ

Кузмановски прв стрелец по групната мундијалска фаза

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата цела на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Избраниците на Кирил Лазаров освоија…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?