Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ
ПОЛИТИКА

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Објавено June 23, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ.

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.

Изразувајќи целосна почит кон соработката во минатото, од партијата велат дека напуштањето на коалицијата со СДСМ претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.

„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока“, велат од Демократска обнова на Македонија, изразувајќи подготвеност за нова и самостојна насока.

Во насока на оваа е и одлуката на ДОМ за настап на локалните избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Велат дека ваквиот политички избор е желба на членовите на партијата да градат нова култура на локална политика – автентична, вредносно доследна и поврзана со потребите на локалните заедници.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, велат од партијата.

На седницата на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена донесена е и одлука со која партијата се отвора за, како што се наведува во партиското соопштение, вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина.

„’Тивките’ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество – ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на ‘Коалиција за зелена иднина’, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. ДОМ упатува отворен повик до сите активисти од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество – да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија“, додаваат од партијата.

Со ваквите одлуки, нагласуваат оттаму, се проширува политичкиот спектар за сите кои со години се бореле, но не биле слушнати, за сите кои сè уште веруваат дека политиката може да биде доследна, вредносна и етичка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди
Следна Статија Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пенов: Во Советот ќе се борам, нема да молчам

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје. Пенов влезе во Советот…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe…

March 12, 2026
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска,…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?