Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
СВЕТ

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

Објавено June 23, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА.

„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, користејќи го акронимот MIGA за „Make Iran Great Again“, како алузија на акронимот MAGA, или „Make America Great Again“, што беше слоганот на претседателските кампањи на Трамп.

Тој додаде дека пилотите на американските бомбардери Б-2 кои ги извршија нападите врз иранските нуклеарни постројки безбедно слетале во американската сојузна држава Мисури.

„Ви благодарам за добро завршената работа! Доналд Џ. Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп.

Претходно вчера американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави во Пентагон дека ноќниот напад врз нуклеарните објекти во Исфахан, Натанц и Фордоу бил извршен за да се елиминира заканата за американските интереси што ја претставува нуклеарната програма на Иран, а не за да се предизвика промена на режимот во Техеран.

-Претседателот одобри прецизна операција за неутрализирање на заканите за нашите национални интереси што ги претставува иранската нуклеарна програма и колективната самоодбрана на нашите трупи и нашиот сојузник Израел, рече Хегсет пред новинарите во Пентагон.

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, исто така, нагласи дека нуклеарната програма на Иран беше цел.

-Ние не сме во војна со Иран, ние сме во војна со нуклеарната програма на Иран, изјави тој вчера за Ен-Би-Си.

Меѓутоа, пренесува ДПА, додека Хегсет и Венс тврдат дека нападите не беа насочени кон соборување на иранското раководство, во Републиканската партија на Трамп постои и табор кој долго време бара политичко соборување во Техеран.

Израел на 13 јуни започна големи напади врз ирански воени цели, наведувајќи дека има за цел да ја спречи земјата да изгради нуклеарно оружје, обвинение што Техеран постојано го негира.

Иран возврати со бранови ракетни и беспилотни летала врз Израел, а жестоките воздушни и ракетни напади денеска влегуваат до десетиот ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ
Следна Статија Отчет за сработеното во првата година на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестири во повеќе држави бараат од Target да се спротивстави на имиграционата рација во Минесота

Активисти планираат протести пред повеќе од две десетини продавници на Target низ Соединетите Американски Држави со цел да го принудат…

February 13, 2026
СВЕТ

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните…

February 25, 2025
СВЕТ

Трамп го нарече Зеленски „диктатор“

Доналд Трамп го нарече Володимир Зеленски диктатор и му рече да побрза, инаку ќе го изгуби и она што остана…

February 19, 2025
СВЕТ

Драстичен пад на туризмот во дубаи: Хотелите и рестораните остануваат без гости

Дубаи, кој лани пречека 19,59 милиони меѓународни посетители и се позиционираше како една од најпосетуваните дестинации во светот, сега се…

April 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?