Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
СВЕТ

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Објавено August 14, 2025 19:48
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска, кога треба да разговараат за војната во Украина, да пропадне.

-Тој состанок ќе го отвори патот за друг, но постои 25 проценти веројатност дека овој состанок во Алјаска да не биде успешен, рече американскиот претседател во интервју за радио „Фокс њуз“.

Трамп денеска изјави дека верува оти неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе се согласи на договорот и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара средба.

„Тој навистина, сега верувам, е убеден дека ќе склучи договор, ќе склучи договор. Мислам дека ќе склучи и наскоро ќе дознаеме“, рече Трамп во интервјуто.

Американскиот претседател процени дека секој договор за прекин на војната во Украина треба да помине низ трилатерален самит со Владимир Путин и Володимир Зеленски, што би следел по утрешниот состанок со неговиот руски колега во Алјаска.

-Вториот состанок ќе биде многу, многу важен, бидејќи ќе биде состанок на кој ќе се постигне договор. И не сакам да го користам терминот „поделете ги работите“, но на некој начин не е лош термин. Ќе има давање и земање кога станува збор за граници, територии“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Трамп повтори дека ако утрешниот состанок помине добро, ќе го покани украинскиот претседател Зеленски на вториот состанок, што би можел да се одржи на различни места, вклучително и во Алјаска.

Зборувајќи за прес-конференцијата по средбата со Путин тој рече дека „би било убаво“ двајцата да разговараат со печатот, но ако работите не одат според планот, нема да има заедничка прес-конференција и тој самиот ќе се обрати на печатот пред да се врати во Вашингтон.

Би-Би-Си потсетува дека и Кремљ и Белата куќа објавија дека лидерите ќе одржат заедничка прес-конференција по утрешните разговори.

Претходно денеска Путин рече дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина и наговести дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за нуклеарно оружје како дел од пошироките напори за градење мир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно
Следна Статија Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работа – се бара решение преку преговори со приватната компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп најави крај на војната во Иран и нова финална рунда разговори

Во обид да се зголеми притисокот врз Иран пред разговорите, најверојатно повторно во Пакистан, Пентагон испраќа нови шест илјади трупи…

April 15, 2026
СВЕТ

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен обид за атентат, и дека тој…

October 2, 2025
СВЕТ

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа, се очекува неговото заминување од Одделот за владина ефикасност

Илон Маск ја напушти Белата куќа, барем физички, пишува „Дејли бист“. „Специјалниот владин службеник“ на претседателот Доналд Трамп повеќе не…

April 30, 2025
СВЕТ

Орбан: Војната во Украина е како миграцијата – кога еднаш ќе започне, тешко запира

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина мора веднаш да заврши, велејќи дека европските лидери се „заробени во…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?