Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп
СВЕТ

(ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

Објавено April 26, 2026 09:46
Сподели
Сподели

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец со криминално досие. Тој е 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од Јужна Калифорнија, кој до вчера им предавал математика на деца и развивал видео игри, објавува CNN.

Тој признал пред полицијата дека мета му биле американските функционри на вечерата на дописниците од Белата куќа што се одржа синоќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави Си-Би-Ес.

Ален живее во Торанс, мирно предградие на Лос Анџелес, а полицијата веднаш го идентификуваше како единствен осомничен по нападот во хотелот Вашингтон Хилтон. Додека агентите го вадеа Доналд Трамп и другите гости од салата, тие го совладаа Ален, кој беше вооружен до заби, во лобито.

Неговото резиме, барем она достапно за јавноста, го прикажува како натпросечно интелигентна и успешна личност. Ален работел како инструктор во компанијата „C2 Education“, каде што им помагал на учениците да се подготват за тешки испити. Колку бил добар во тоа најдобро покажува фактот дека во декември 2024 година, компанијата го прогласи за свој „наставник на месецот“ и јавно го пофали на социјалните мрежи.

Покрај тоа што предавал, Ален бил и одличен ученик. Дипломирал машински инженер на престижниот Калтех, еден од врвните технички универзитети во светот, а минатата година магистрирал компјутерски науки.

Додека сè уште бил студент, ги полнеше рубриките на локалните весници, но во сосема поинаков контекст. Тогаш бил славен како млад иноватор кој измислил систем за сопирање во итни случаи за инвалидски колички. Ништо во неговото минато не укажуваше дека неколку години подоцна ќе упадне на претседателска вечера со пушка и ножеви.

Што се однесува до неговите политички преференции, записите покажуваат дека во октомври 2024 година, тој донирал 25 долари за кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

Во слободното време, Ален бил програмер. Ја објавил својата прва независна игра, „Bohrdom“, на популарната платформа за игри Steam, која ја продавал за пари. На својот профил, тој гордо истакнал дека веќе работи на нов проект, игра со работен наслов „Прв закон“.

 

pic.twitter.com/zcgVgZivwD

— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 26, 2026

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Снимка од пукањето: Трамп извлечен од сцената, се сопнал при евакуацијата
Следна Статија Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче во Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски објави колку заработил лани: приходите му се зголемени во однос на 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави декларација за имотот, приходите, трошоците и финансиските обврски на неговото семејство за 2024 година. Системот…

April 2, 2025
СВЕТ

Која е Каја Калас која има план „Б“ за Украина, но не и за Македонија: Ја мрази Русија од дното на душата бидејќи семејството и било депортирано во Сибир

Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку…

May 12, 2025
СВЕТ

ВИДЕО I Во Јапонија со молотови коктели нападнато партиско седиште, удар и на канцеларијата на премиерот

Јапонецот Асунобу Усута (49) утринава фрлил предмети за кои се верува дека се молотови коктели кон седиштето на владејачката Либерално-демократска…

October 19, 2024
СВЕТ

2.000 бродови и 20.000 морнари блокирани во Ормускиот теснец од 28 февруари

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ги извлечат блокираните бродови од Ормускиот теснец доаѓа само неколку дена…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?