Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче во Гостивар
ХРОНИКА

Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче во Гостивар

Објавено April 26, 2026 10:24
Сподели
Сподели

Од гостиварското обвинителство бараат притвор за 28-годишен маж, вработен во основно училиште, кој силувал 14-годишно девојче.

-Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години, велат од обвинителството.

Но заканите тука не застанале.

-Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп
Следна Статија Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Уапсен возачот кој со мопед удри дете и избега

Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го…

April 3, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на…

May 24, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец осомничен дека со повеќе од 30 убоди го убил својот татко

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

July 14, 2026
ХРОНИКА

Судијата на случајот за убиствата на Вања и Панче ја достави пресудата, адвокатите на обвинетите ќе се жалат на Апелација

Судијата Ивица Стефановски ја напишал пресудата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?