Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
ХРОНИКА

Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Објавено April 23, 2025 11:32
Сподели
Сподели

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, дознава КУРИР.

Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално, се работи за мрежа составена од преку 50 лица:  доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице,  управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

Министерството за внатрешни работи преку Бирото за Јавна Безбедност продолжува одлучно без задршка со решителна борба против организираниот криминал и корупцијата без да има заштитени или привилегирани, со една единствена цел изведување пред лицето на правдата на секој кој што работи незаконски, заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и унапредување на интегритетот на институциите.

Потврда за одлучната борба се сите изминати акции кои до сега се спроведени во разни области, видови и тип на криминал (нарко мрежи и нарко групи, кримнални групи кои хараа низ Скопје и вршеле убиства, изнуди и уцени, злоупотреби на јавни тендери и незаконски богатења преку енергетскиот сектор, злоупотреби направени од страна на Царински, Полициски службеници, Затворски полицајци, случаи на примање поткупи од страна на полициски и други административни службеници, откриени и сузбиени лаборатории за фалсификувани пари и монети, сузбиени криминални групи кои работеле со трговија со луѓе и криумчарења мигранти, сузбиена група која работела со нелегално организирани игри на среќа, злоупотреби на тендери во Државна лотарија, криминална крупа која работела со фалсификувани возила, примање поткуп и злоупотреби од страна на Врховен судија и член на Совет на Јавни Обвинители…

Во сите овие случаи беа опфатени лица кои со години биле недопрени од службите задолжени за спроведивање на законот, МВР преку БЈБ досега покажува робусна, разнолична и неселективна борба против сите кои секојдневно со незаконско работење допринесувале за континуирана девастација на институционалниот систем а директно или индиректно со своите постапки ја нарушиле или срушиле довербата на македонските граѓани во целиот систем на Македонската држава.

Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.

Во рамки на акцијата, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица. Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица (со мерки ), а останатите 25 ќе бидат приведени на распит со утврдување натамошни мeрки, брифираат извори за Курир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?
Следна Статија Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Ниту една казна нема да биде доволно“ – Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче

Обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска имаше завршни зборови за убиствата на Вања и Панче, и побара доживотен затвор за Љупчо Палевски,…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

Три лица се обвинети за повеќекратни тешки кражби на кабли од кругот на скопската „Железара“, откако биле уапсени при бизарен…

November 1, 2025
ХРОНИКА

11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб „Пулс”

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.…

November 20, 2025
ХРОНИКА

Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?