Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?

Објавено April 23, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Иако статистиката за март покажува негативна инфлација на месечно ниво, експертските прогнози сигнализираат дека инфлацискиот притисок годинава ќе се засили. Анкетата на Народната банка со економски аналитичари укажува на тренд на забавување на економскиот раст, но истовремено и на зголемени ценовни очекувања, пишува Порталб. Според резултатите од последната Анкета за инфлациски очекувања, се предвидува просечна стапка на инфлација од 3,7% во 2025 година, што е зголемување во однос на претходната анкета кога се очекуваше инфлација од 3%.

Аналитичарите предвидуваат дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува во наредните години, но со побавен темпо. За 2026 година се очекува инфлација од 3,1%, а за 2027 година пад до 2,7%.

Економски раст со надолен тренд

Паралелно, се очекува забавување на економскиот раст. Според проценките, растот на БДП за оваа година ќе изнесува 3,1%, што е намалување од 3,3% според претходната анкета. За 2026 година се очекува раст од 3,5%, а за 2027 година забрзување до 3,8%.

Намалувањето на прогнозите се должи на глобалните економски ризици – од трговски тензии до рецесиски закани кај клучни економски партнери како Германија. Забавените инвестиции, затворањето фабрики и зголемената невработеност се дел од факторите што создаваат неизвесност.

Месечна инфлација „во минус“, но цените на пазарите не попуштаат

И покрај негативната инфлација од -1,3% во март во однос на февруари, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека ценовниот раст останува присутен на годишно и квартално ниво.

Во првиот квартал од 2025 во споредба со истиот период лани, трошоците на живот се зголемени за 4,2%. Намалувањето во март е забележано кај повеќето прехранбени производи – леб, млеко, месо, шеќер – но цените на овошјето пораснале за 3,8%.

Квартални податоци за прехранбените производи:

Производ Март/Февруари I кв. 2025 / I кв. 2024
Храна -2,9% +4,1%
Леб, жита -2,9% +1,8%
Месо -3,8% +3,9%
Млеко, сирење -3,0% +5,8%
Масла и масти -1,7% +11,6%
Извор: Државен завод за статистика

Како што се гледа, месечниот пад не го анулира порастот на трошоците во споредба со истиот период лани. Особено изразен е растот кај маслата и мастите (+11,6%), како и кај млечните производи (+5,8%).

Земјоделски цени со растечки тренд

Ценовниот притисок продолжува и кај излезните земјоделски производи.

Според податоците за февруари 2025 во споредба со истиот месец од 2024:

Цените на растителното производство се зголемиле за 9,7%Кај зеленчукот има раст од 11,9%

Кај вината – 13,7%

Кај овошјето и грозјето – 4,9%

Владата ја објаснува негативната инфлација во март со мерките за замрзнување на маржите и цените, но податоците покажуваат дека ефектите од тие мерки се привремени и селективни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува
Следна Статија Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ

Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12. Целта е да…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?