Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
МАКЕДОНИЈА

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Објавено October 5, 2024 16:10
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава поврзани со „Конти“.

Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

-Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам огромна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
Следна Статија Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Деца во униформи и пушки в раце во училиште е недозволиво, остро ќе реагираме

Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?