Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ за Груби: Правдата треба да биде еднаква за сите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ за Груби: Правдата треба да биде еднаква за сите
ПОЛИТИКА

ДУИ за Груби: Правдата треба да биде еднаква за сите

Објавено February 23, 2026 20:27
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на нивниот поранешен функционер Артан Груби да се врати во земјата. Оттаму велат дека партијата останува цврсто на својот став дека правдата треба да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание.

„ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност да се презентираат сите достапни аргументи и да се разјаснат сите прашања преку транспарентна, фер и непристрасна постапка. Очекуваме процесот да се спроведе во согласност со највисоките стандарди на владеењето на правото: пред сè, со високо ниво на транспарентност, во согласност со јавниот интере, но пред сè, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува цврсто на својот став дека правдата треба да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание. Само фер и професионална постапка служи на вистината, институциите и довербата на граѓаните. Со оглед на високиот политички и јавен интерес во овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази“, стои во целосното соопштение од „Мала Речица“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат
Следна Статија По четири години војна во Украина се надзира ли мирот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Апасиев пред лидерската: Очекувам конструктивен дијалог, остануваме на барањата за измени на Изборниот законик и една изборна единица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за првпат учествуваше на лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?

Димитар Апасиев е целосно демаскиран. Таканаречениот левичар, Апасиев левичарско во себе го има само името на партијата која ја предводи,…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?