Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција
ПОЛИТИКА

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

Објавено January 22, 2026 12:59
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во земјата, се вели во соопштението од партијата.

Според најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, Северна Македонија бележи пад од 12 места на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година рангирајќи се на 88. место од вкупно 180 држави со само 40 поени. Овој драстичен пад е јасен показател за губењето на јавната и на меѓународната доверба во државните институции.

Како опозиција оценуваме дека оваа Влада не само што не успеа да се справи со корупцијата туку со своите постапки и ја нормализира.

Алармантни се и податоците од Факултетот за безбедност, според кој секој трет граѓанин или близок член на неговото семејство имал контакт со корумпиран службеник. Овој факт повеќе не претставува само морално или административно прашање, туку, како што нагласуваат и експертите, системската корупција претставува сериозна закана за државната безбедност бидејќи ги парализира институциите и го поткопува функционирањето на демократскиот поредок.

Паралелно со овој институционален неуспех, парламентарното мнозинство го усвои Законот за контрола на индустриските емисии, кој, според организацијата „Грун хјуман ситу“, отвора пат за нови еколошки скандали. Со овој закон на индустријата ѝ се овозможува преку деловна тајна да крие од граѓаните витални информации за видот на отпадот што се согорува во фабриките. Со тоа на граѓаните им се скратува основното право да знаат дали се загрозени нивното здравје и животната средина.

ДУИ оценува дека:

• Корупцијата се продлабочува и станува норма;

• Државната безбедност и довербата на граѓаните се сериозно нарушени;

• Транспарентноста и заштитата на животната средина се жртвуваат во корист на тесни економски интереси.

Како сериозна политичка партија, бараме:

• Итна ревизија на антикорупциските политики и укинување на законите што ја штитат корупцијата;

• Политичка и институционална одговорност за падот на државата на индексот на корупција;

• Целосна транспарентност за индустриските активности што директно влијаат врз здравјето на граѓаните.

ДУИ останува посветена на заштитата на јавниот интерес, владеењето на правото и изградбата на доверливи институции во служба на граѓаните, а не на корупцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нетфликс открива возбудлива К-содржина за 2026 година
Следна Статија Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Коалицијата ДУИ–ЛЕВИЦА е предавство кон Албанците и европската иднина

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, остро ја критикуваше соработката меѓу Демократската унија за…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини го поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Венко Филипче, за организиран рекет…

January 20, 2026
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?