Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци

Објавено January 20, 2026 12:00
Сподели
Сподели

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини го поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Венко Филипче, за организиран рекет и злоупотреба на институциите додека биле на власт.

Од партијата наведуваат дека исказите на д-р Жан Митрев за наводно преземање на неговата Клиника се „уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер, кој ја чува фотелјата на „Бихаќска“, Венко Филипче“.

Во партиското соопштение се тврди дека во најтешките моменти за граѓаните, врвот на тогашната власт профитирал.

„Во екот на ковид-пандемијата, кога граѓаните се бореа за живот, Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат. Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја преземат приватната болница ’Жан Митрев‘“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ оди понатаму со детали за наводната шема, тврдејќи дека на сопственикот му била нудена „заштита“ во замена за сопственост.

„Заев и Филипче, освен притисокот и уцените, ветиле и ’помош во судски процеси‘ во замена за удели. Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност, што претставува организиран грабеж“, обвинуваат од владејачката партија.

Тие посочуваат и на сомнителната улога на правосудните органи во тој период, поврзувајќи ги одлуките на Обвинителството со желбите на тогашната власт.

„Дополнително, уште пошокантен е фактот, кој, според кажувањата на Жан Митрев, по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба. Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова не е изолиран случај, туку дел од поширока „криминална мрежа“ која вклучува скандали со имот во Дубаи, златни визи и фирми во соседството.

„Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и на Филипче. Дали вака за СДС изгледа европска Македонија, која ја ветуваат? Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно некогаш да ја управуваат државата?“, прашуваат од партијата.

На крајот, ВМРО-ДПМНЕ побара итна оставка од лидерот на опозицијата Филипче и реакција од Јавното обвинителство.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексклузивно: Xbox Cloud Gaming наскоро ќе добие пристап поддржан со реклами
Следна Статија Мажот притворен во Минеаполис почина во притвор на ICE во Тексас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија: Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Некој може да стане и да каже-Али Ахмети го брани Рама, не Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел, зборуваше и за протестите во Албанија. Ахмети…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, преку објава на социјалните мрежи истакна дека Општина Кисела Вода за неа не е…

August 21, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија

Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?