Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна

Објавено April 16, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на прес-конференција го претстави новиот Правилник за објавување на цените на производите, кој произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите. Новите правила стапуваат на сила од 18 април, а целта е да се обезбеди поголема транспарентност во малопродажната трговија и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Министерството постојано работи на мерки за намалување на цените и стабилизирање на инфлацијата. Резултатите веќе се видливи – според Државниот завод за статистика, инфлацијата во март изнесува 2,7% на годишно ниво, а во однос на февруари е забележана дефлација од -1,3% – истакна Дурмиши.

Новите законски измени предвидуваат обврска за сите трговци на мало (освен микро трговците со до 10 вработени) да ги објавуваат цените на сите производи на своите веб-страници. Цените мора да бидат јасно прикажани, достапни без регистрација, и ажурирани секој работен ден до 10 часот.

Ценовникот на секој трговец треба да содржи: назив и опис на производот, продажна цена со ДДВ, единечна цена по мерна единица, редовна цена, промотивна цена со попуст во проценти, тип на акција, времетраење на попустот и достапност во конкретниот продажен објект.

Со оваа мерка, граѓаните ќе можат полесно да изберат каде да ги трошат своите пари. Веруваме дека ова ќе придонесе и кон дополнително намалување на цените во следниот период, додаде министерот.

Според Министерството, оваа иницијатива ќе придонесе за здрава конкуренција, информираност на потрошувачите и фер пазарни услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
Следна Статија Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Рајанер“ бара невозможни услови, па затоа го нема во Македонија, вели Николоски

Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт,…

May 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?