Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски во Чешка: Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија, како и Охрид – Карлови Вари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски во Чешка: Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија, како и Охрид – Карлови Вари
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Чешка: Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија, како и Охрид – Карлови Вари

Објавено March 10, 2025 20:13
Сподели
Сподели

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржала во Прага.
 
Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава и дека се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот. 

Тој на средбата ги презентирал можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.
 
– На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи, се наведува во соопштението.  
 
Вицепремиерот Николоски на средбата ги истакнал и потенцијалите на аеродромот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува Охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа била разгледана и можноста за воспоставување на  нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.
 
Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска остварил средба и со претставници на автомобилската компанија „Шкода“ на која се разговарало за идна сорботка.
 
Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленарната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Газа се жедни за вода
Следна Статија Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta

Четири водечки технолошки компании од групата на 'Величествените 7' подготвени се да ги објават своите финансиски резултати во наредната недела,…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар резултат од за в недела закажаните преговори со банките во Министерството за финансии за субвенционирање…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во…

July 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во земјава активни околу 80.000 фирми, бизнисот масовно се префрла на електронско работење

Во Македонија моментално се активни околу 80.000 компании, а забележлив е трендот на намалување на употребата на хартија во деловното…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?