Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Објавено December 13, 2025 14:25
Сподели
Сподели

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории, со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората.

На состанокот беше разговарано за актуелната деловна клима и условите во кои стопанисуваат компаниите во државата. Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици, но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети.

Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун. Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи.

На средбата, претседателот Азески укажа дека Комората како куќа на бизнисот останува во интерес на компаниите да делува за решавање за сите отворени прашања со кои се соочуваат. Во следниот период ќе се реализира посета и на Тутунскиот комбинат од Прилеп како фирма дел од корпорацијата Филип Морис со цел увид на лице место на производните капацитети. Беше посочено дека од интерес на компанијата е преку споделување на знаење и нови технологии кои го имаат деловните субјекти дел од корпорацијата кои делуваат во други земји, да се имплементираат новини и во производниот капацитет во Македонија за натамошен развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реакција на ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите
Следна Статија Приведен кавадарчанец, обвинет за насилно земање пари, закани и физички напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Временски притисок за акциите на Intel и надежите за фабрика за чипови

Акциите на Intel се соочуваат со клучен момент. Акциите забележаа значително закрепнување од претходните загуби, главно врз основа на зголемени…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миноски за геополитиката и геоекономијата (ВИДЕО)

Поранешниот министер за финансии и економски експерт Кирил Миноски гостуваше во емисијата Заспиј ако можеш каде говореше за геополитичката и…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа новата хала на компанијата Амфенол, со 200 нови работни места

Како што слушнавте и од директорот, станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во економската соработка меѓу двете земји

Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјално…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?