Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве до каде е спремен да оди Венко: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Еве до каде е спремен да оди Венко: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот
ПОЛИТИКА

Еве до каде е спремен да оди Венко: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот

Објавено May 28, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување на македонската историја како бугарска.

Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. Како што можеме да видиме на фотографиите зад мене и двајцата велат дека преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Но, проблемот е во тоа што само Бугарија поради свои интереси ја кочи и ветоизира Македонија на полето на евроинтегративниот процес.

За таа цел, бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски Ковачевски а сега и Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на сопствените – македонските.

Иако граѓаните им одржаа лекција, ги казнија на 4 последователни избори, токму поради нивните антидржавни политики, на Филипче и на СДС не им доаѓа памет и продолжуваат со истата поданичка политика мислејќи дека така ќе дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои твореле, кои го описмениле регионот и кои се бореле за да создадат македонска држава. Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари сонува за нова Тиранска платформа во која главни ќе бидат Курти и Рама
Следна Статија Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Не може државата да биде заложник на веледрогеријата Пановски, која е во блиски релации со Филипче

Тоа што веледрогеријата Пановски, преку тогашниот министер за здравство Венко Филипче, испумпувала милиони преку тендери, не смее да остане така,…

January 26, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се…

December 12, 2024
ПОЛИТИКА

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор

Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување…

October 18, 2025
ПОЛИТИКА

Да не побарале амбасадорите Ахмети никогаш немало да го истакне државното знаме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија…

July 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?