Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот

Објавено May 28, 2026 13:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека  во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример.

– За правосудниот испит ако сте го прочитале законот ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот, колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од Али Експрес кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени еко агенди, во опозиција сакате да создадете етнички конфликт каде што го нема,  изјави премиерот Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Скендер Реџепи пратеник од Европскиот фронт.
Премиерот Мицкоски воедно посочи дека правници кои треба да се борат за владеење на право на протестот за правосуден го прекршија правото и не истакнаа знаме на државата во која треба да се полага тој испит.

– Лош пример оставате за оние по вас. Вие сте опозиција и мислите дека на овој начин ќе привлечете внимание. Слушајте го мојот говор на Денот на светите просветители Кирил и Методиј, каде што јасно и гласно кажав што значи мајчин јазик и дека секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, вие континуирано ги пропуштате шансите и сега велите Венецијанската комисија претставувала некое неформално тело, повторно како претседател на Влада морам да кажам се оградувам од ставот на пратеникот Скендер Реџепи затоа што покажа елементарно непознавање, додаде премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека во новата методологија на преговори има тела кои се клучни, а едно од тие е Венецијанска комисија. Второто е Европскиот суд за човекови права.

– Венецијанската комисија кажува дали некој закон е согласно меѓународното право, и второ во тој Европски суд за човекови права лежат, фаќаат прашина 14 пресуди за нашето македонско братство, заедница во Бугарија кои Бугарија не ги применува.  Очекував да кажете дека стоите позади вашите сограѓани Македонци и заедно ќе се бориме. Така настапува објективен поддржувач на соживотот во мултиетничка Македонија, моја и ваша татковина како Македонец и Албанец. Нашата заедничка татковина така се гради кога ќе се подржуваме едни со други. Јас поддржувам да не се гледаме низ призмата на проценти и затоа ќе имате можност многу скоро во Собрание да го гласате Законот за правична застапеност, каде процентите не се важни туку квалитетот. Очекувам поддршка. Не сакам да ги гледам луѓето низ проценти, туку низ квалитет и низ објективна оптика, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве до каде е спремен да оди Венко: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот
Следна Статија Тошковски за барањата за оставка: МВР во изминатите две години по сите параметри и статистики има најдобри резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата

За нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ и постепена интеграција на Западен Балкан…

May 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?