Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европа се штити со казни: „ТЕМУ“ мора да плати 200 милиони евра, нуделе нелегални производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Европа се штити со казни: „ТЕМУ“ мора да плати 200 милиони евра, нуделе нелегални производи
СВЕТ

Европа се штити со казни: „ТЕМУ“ мора да плати 200 милиони евра, нуделе нелегални производи

Објавено May 28, 2026 13:58
Сподели
Сподели

Европската унија му изрече казна од 200 милиони евра на кинескиот гигант во онлајн трговијата „Тему“ заради нудење нелегални производи на својата платформа, јави ДПА.

„„Тему“ не успеа внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегалните производи што ги нуди на својата платформа и штетата што произлегува од тоа за потрошувачите во Европската Унија“, соопшти денеска Европската комисија.

Истрагата спроведена од комисијата, која вклучуваше и тајно купување, заклучи дека многу производи ги немаат поминато безбедносните тестови.

Меѓу нив се небезбедни полначи и играчки за бебиња што содржат хемикалии што ги надминуваат законските ограничувања за безбедност и претставуваат опасност од задушување, пренесува германската агенција.

-Проценката на ризикот на „Тему“ ги потценува конкретните ризици, нема специфичност, не е заснована на цврсти докази и не е сеопфатна“, рече потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен.

„Тоа ги остава регулаторите, корисниците и јавноста во незнаење за вистинската скала на потенцијална штета што ја претставуваат нелегалните производи што се продаваат на ’Тему’. Сега е време ’Тему’ да се придржува до законот“, рече таа.

Комисијата, исто така, тврди дека понудите промовирани од инфлуенсери „би можеле да ги засилат ризиците од ширење на нелегални производи“, пренесува ДПА.

Платформата за е-трговија е активна во Европа од 2023 година и по екстремно ниски цени нуди широк спектар на производи, од облека до обувки и електроника. Нејзините агресивни маркетиншки стратегии и ниските цени ѝ помогнаа да се прошири и да ги предизвика етаблираните конкуренти како што е „Амазон“.

На „Тему“ му беа дадени три месеци да презентира план до комисијата за тоа како да се справи со прекршувањата.

Доколку не се усогласи со законите на ЕУ Комисијата на крајот би можела да изрече казни за одреден период покрај казната од 200 милиони евра.

Според Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), многу големите онлајн платформи се предмет на внимателно испитување, пренесува ДПА.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети, Османи и Села во Приштина на американски конгресмен му побараа Уставен суд со Бадентер и службен Албански јазик
Следна Статија Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Само се шегувавме, кажа Макрон за снимката на која Брижит му удира шлаканица

„Само се шегувавме. Тоа беше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот, како објаснување за видеото на кое се…

May 26, 2025
СВЕТ

Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

Серија движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија…

March 9, 2025
СВЕТ

Јапонскиот премиер поднесе оставка

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба поднесе оставка започнувајќи веројатен период на политичка неизвесност во нестабилно време за четвртата најголема економија во…

September 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?