Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Едноцифрените рејтинзи на СДСМ, ДУИ и Левица го блокираат Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Едноцифрените рејтинзи на СДСМ, ДУИ и Левица го блокираат Изборниот законик
ПОЛИТИКА

Едноцифрените рејтинзи на СДСМ, ДУИ и Левица го блокираат Изборниот законик

Објавено July 10, 2026 09:23
Сподели
Сподели

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група.

Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се постигне договор за негово носење во македонското Собрание, СДС, ДУИ и Левица избраа да блокираат и како раштиман оркестар да создадат какофонија во јавноста.

Откако во Левица увидоа дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не прават компромис.

СДС како добар препишувач, откако видоа дека Левица го блокира законот, смислија начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, со изговор дека гласањето на дијаспората по електронски пат бил недемократски и неевропски чин.

И ДУИ, да не останат покуси, се приклучува на блокирање на овој реформски закон, со свој изговор и барање сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот мнозински модел.

Тоа што е заедничко за овие партии е тоа што сите се исплашени, а до некаде и убедени, дека на следните избори им следи дебакл и убедлив длабок пораз и сегашните нивни постапки, не се ништо друго, освен создавање алиби за изборниот дебакл.

Друго заедничко за истите овие партии е што и едните и други прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, како партијата да им е крива за тоа што граѓаните не гледаат опција во нив и не ги поддржуваат нивните политики.

ВМРО-ДПМНЕ, повторно јасно и гласно кажува, неформалните опозициски коалициски партии нека седнат заедно и нека се договорат, тоа што тие ќе предложат, тоа ќе прифати, само начинот на остварување на правото на глас на дијаспората, да се олесни.

А, опозицијата, со ваквото однесување, докажува дека за нив важен е само партискиот интерес, не и иселениците и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија фуриозна на Гибралтар
Следна Статија Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска отвори прашања во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република…

February 22, 2026
ПОЛИТИКА

На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг

Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров,…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат, оствари средба со универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, на која…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?