Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Објавено September 26, 2025 11:30
Сподели
Сподели

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбите со граѓани во струмичкиот регион, се вели во соопштението од СДСМ.

“Само ние сме организирана структура, која што сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, и енергија, и волја, дека сме ние тука и сме подготвени да се бориме” рече Венко Филипче.

На средбите со граѓаните Ново Село, Василево и Босилово, Филипче посочи дека во ниту еден сектор нема никакви резултати, што е показател за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

“Една работа да најдеме,  нема. Во земјоделството? Ништо. Ниту поддршка, ниту зголемени субвенции. Плачат лозари, плачат сточари, производителите на  оризот, тутунарите. Во здравството да не  зборам. Во образование? Ништо. Какви плати,  ги лажат,ќ луѓето – ќе биде до година. Работниците? Ништо.  Даваме предлог за платите? Ништо. Цените во плафон. Не можат луѓето да живеат повеќе. За европското прашање да не збориме” , рече Филипче.

Во периодот на СДСМ, како што кажа Филипче немаше ниту една лоша политика, мерките се креираа за граѓаните.

‘Ние немаме лоша политика во ниту еден сектор. Зашто сакате ќе збориме? 300% социјална помош, платите ги зголемивме, дуплирана минималната платата. Во здравство, во образование  во стопанството, со цените имавме контрола, кризите ги пребродивме. Ние бевме тука за луѓето, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е за луѓето тука, не ги интересира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026
Следна Статија Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

На Дејан Митески му недостасуваше помалку од 1 отсто за да стане градоначалник, во Аеродром ќе има втор круг

Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров,…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме…

October 15, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?