Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови
ПОЛИТИКА

СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

Објавено April 19, 2026 10:42
Сподели
Сподели

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, посочува СДСМ во соопштение.

„Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници“, велат од СДСМ, потсетувајќи на старото еколошко жариште Лојане кое со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон.

„Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните. Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија сметаат дека ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници, како и дека за вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина“, се нагласува во соопштението.

Од СДСМ сметаат дека мора да бидат исполнети неколку клучни услови: Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта, без што не може да инсистира на отворање нови рудници, како и целосна транспарентност пред граѓаните, односно сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени, исто како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова.

Понатаму, од СДСМ посочуваат дека системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух, да се побара однапред финансиска гаранција од инвеститорот за санација на евентуални штети, да се обезбеди независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време, да има директен локален бенефит за општината и за граѓаните, како и да се обезбеди континуирана здравствена заштита и следење на населението финансирани од инвеститорот.

„Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник“, велат од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија денеска излегува на осмите парламентарни избори во последните пет години
Следна Статија Ден на верата и уверувањето во Христовото Воскресение – Денес е Томина недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за зголемување на средствата за противпожарна заштита од 500 милиони денари

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Вреди: Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно

Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска –…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?