Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори за состав на 52-рото Народно собрание.
Избирачките места беа отворени во 7 часот, а изборниот процес ќе трае до 20 часот.
Вчера гласаше дијаспората во странство.
Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи.
Низ целата земја се отворени околу 12.000 гласачки места.
Според Централната изборна комисија, право на глас имаат 6.575.151 граѓани. Од избирачкиот список, дел од лицата немаат право на глас поради законски ограничувања, додека се издадени и дозволи за гласање на друго место за членови на изборните комисии, набљудувачите и кандидатите.
Изборите се осми во Бугарија во последните пет години.
