Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026

Објавено September 26, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од 3% за 2025 и за 2026 година, што е зголемување од 0,4 односно 0,3 отсто во споредба со прогнозата од мај.

Во вчера објавениот економски извештај на ЕБОР се наведува дека земјава забележа подобри резултати од очекуваните во првиот квартал од 2025 година, со силни перформанси во градежништвото и зголемени инвестиции.

„Растот на реалниот БДП достигна 3% на годишно ниво во првиот квартал од 2025 година и дополнително на 3,4% во вториот квартал, првенствено поттикнат од градежништвото, производството и трговијата. Во овој период, потрошувачката на домаќинствата беше поддржана од зголемувањето на приходите и ублажувањето на инфлацијата, додека изградбата на патишта ги зајакна инвестициите. Извозот се опорави во првата половина од 2025 година по намалените извозни перформанси во претходната година. Сепак, дефицитот на тековната сметка се зголеми за 66% во истиот период, што одразува пониски суфицити и во трговијата со услуги и во секундарниот доход. По отстранувањето на ограничувањата на маржата на профит за одредени основни производи, инфлацијата се искачи на 4,8% до јули 2025 година пред да се намали на 4,4% во август“,- се наведува во извештајот.

ЕБОР оценува дека фискалната политика останува експанзивна, со ревидирана цел за дефицит за 2025 година поставена на 4 проценти од БДП, со цел да се балансира фискалната консолидација со тековните инвестиции во инфраструктурата.

„Дефицитот за периодот јануари-јули 2025 година достигна 2,5 проценти од проектираниот БДП, бидејќи расходите го надминаа растот на приходите. Реалниот раст на БДП е проектиран на 3 проценти во 2025 и 2026 година, поткрепен со силна домашна побарувачка и забрзано извршување на јавни инвестициски проекти, особено изградбата на автопатски делници долж паневропските коридори 8 и 10. Зголемените инвестиции во општините пред локалните избори кон крајот на 2025 година може да обезбедат дополнителен стимул на краток рок. Се очекува потрошувачката на домаќинствата да остане стабилна, поддржана од зголемувањето на реалните плати и повисоките владини трансфери. Ризиците за економските перспективи произлегуваат од ограничениот фискален капацитет и надворешната нестабилност, особено поради структурните прилагодувања во европската автомобилска индустрија и зголемената глобална неизвесност“, се наведува во извештајот на ЕБОР во делот за Македонија.

Во однос на економските перспективи на регионот на Западен Балкан, се посочува дека растот забавил, од 3,6% во 2024 година на 2,4% во првата половина од 2025 година. Се очекува годинава да достигне 2,7%, а наредната да биде 3,2%.

Надолните ревизии на прогнозите за 2025 година се последица од побавниот раст во развиените земји во Европа, послабите од очекуваните резултати во градежништвото и инвестициите во Србија и бавниот напредок на реформите, заедно со слабото индустриско производство и извоз во Босна и Херцеговина.

Највисок раст годинава во регионот, според ЕБОР, годинава ќе има Косово 3,9%, Албанија, 3,5, Црна Гора 2,6, Србија 2,5, а најнизок Босна и Херцеговина 2,2%.

Во регионите што ги покрива ЕБОР, пак, годинава се очекува раст од 3,1%. Најголеми ризици за економијата се геополитички тензии, американски царини, конкуренција од Кина и ограничениот фискален простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ поради загрозување на животната средина
Следна Статија Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta

Четири водечки технолошки компании од групата на 'Величествените 7' подготвени се да ги објават своите финансиски резултати во наредната недела,…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Три големи инфраструктурни проекти наскоро ќе се завршат, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти. -Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонските градежници сѐ помалку имаат работа во странство

Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?