Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?
ПОЛИТИКА

Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?

Објавено October 12, 2025 12:41
Сподели
Сподели

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски? Праша Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои излегоа во јавноста, обелоденети од медиумите доаѓаме до фрапантни сознанија и вмешаност на врвот на власта на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс. Имено медиумите објавија телефонска конверзација помеѓу синот на газдата на Пулс – Михаил и извесна Бојана. Од конверзацијата се влече логичниот заклучок дека власта на СДС вешто го штитела газдата на Пулс, а во тоа биле вмешани и министри. Имено според објавеното во медиумите, на 17 февруари 2022 година, синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, се јавува до извесна Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски ( министер за внатрешни работи) се јавувал во СВР Штип, за да ургира за дискотеката. И тоа со зборовите – „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“. По што Бојана го прашува Михаил зошто се јавувал Оливер Спасовски, дали за да ја намалат казната и за каква казна станува збор? По што Михаил ѝ кажува дека добил информација за казна која требало да им биде наплатена од УЈП, во висина од 40.000 евра ѝ дека ургенцијата била со цел да не им досадува полицијата. „И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“ завршува Михаил. ЈО и Љупчо Коцевски треба да кажат дали истражиле и дали го повикале Оливер Спасовски на информативен разговор, дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани и дали постоела негова ургенција? Дали ЈО и Љупчо Коцевски постапиле според закон, или го кријат и штитат Оливер Спасовски? ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, истакна Андоновска.

Каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката? Прашува Андоновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стартува реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Министерот Ристовски го означи стартот на проектот
Следна Статија Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Додека ДУИ беше дел од власта се согласи да се укине балансерот, сега бараат причина за дестабилизација

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се,…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Касами го пречека амбасадорот на ЕУ без македонско знаме и со фотографија од основачот на УЧК

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во својот партиски кабинет го прими абасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Од фотографиите кои…

November 7, 2024
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?