Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Објавено April 14, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Целта е да се направи прецизна тријажа – кои пациенти ќе продолжат со лекување во Македонија, а кои ќе бидат пренесени во странство.

Веќе работиме со тим од англиски стручњаци за изгореници. Заедно со нашите доктори подготвуваме евалуација која ќе одреди каде пациентите ќе се третираат понатаму – дома или во странство“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој информираше дека се очекуваат податоци од странските клиники за состојбата на пациентите, за да се направи план за понатамошен третман. Во моментов, девет лица се лекуваат во скопските болници, додека 48 се пренесени во странство.

Во Литванија имаме пациент кој е во стабилна состојба. Тамошните служби планираат да го задржат уште еден месец за целосна рехабилитација“, додаде Таравари.

Според него, повеќе држави изразиле подготвеност да преземат дел од пациентите без финансиски надоместок, особено оние на кои им е потребна долгорочна нега.

Не станува збор само за физикална терапија – туку и за респираторна и психолошка рехабилитација“, нагласи министерот.

Од следната недела, се подготвуваат капацитети во болницата „8 Септември“ за прием на дел од потешко повредените лица.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март, при што загинаа 61 лице, а речиси 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција
Следна Статија Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

За првпат на неврохирургија во Скопје – извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за…

October 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ

Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ ги проверува листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат за…

November 9, 2024
ЗДРАВЈЕ

Двајца млади скопјани со мајмунски сипаници: Случаите не се поврзани, не патувале надвор од државата, едниот хоспитализиран

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Бесплатна психолошка поддршка за средношколци

Град Скопје почнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје.…

July 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?