Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

Објавено April 14, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во март и април споредено со првите два мееци од годинава. Министерката за финансии Димитриеска- Кочоска вели дека треба да се почекаат финалните извештаи, но дека се прваат напори да се анализира поврзаност на компании, да се зголеми присилната наплата, да се наплатат дивидендите и во крајна мера, вкупно да се зголемат даночните приходи. Министерката уверува дека особено добри биле финансиските резултати за тековниот месец април.

Институциите успеале да реализираат 73 милиони евра или 10% од вкупно предвидените годишни капитални инвестиции до 8-ми април годинава. Министерката Димитриеска-Кочоска вели дека климатските услови биле неповолни за одвивање на инфраструктурните проекти. Ветува дека граѓаните повеќе ќе немаат вештачка слика за реализација на капиталните проекти. Како завршени повеќе нема да се евидентираат платени аванси и гаранции, бидејќи тоа не било градење и обнова, туку вештачко прикажување дека се сработило повеќе од реалното.

Министерката е задоволна од полнењето на државната каса по основ на царини. Во врска со проблемот со наметнатите поголеми царински стапки од страна на САД и нивното стопирање во период од 90 дена, Димитриеска – Кочоска вели дека тоа е шанса за Македонија директно да извезува таму. 10% царини е нешто што е прифатливо за најголем дел од државите. Следната недела Министерката ќе оди на редовните пролетни средби со Светска Банка и ММФ во Вашинтон, кадешто ќе ја искористи приликата да преговара со челниците за олеснување на трговската размена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
Следна Статија Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6%…

July 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Алфалтирањето на Кичево- Охрид продолжува и во зима

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?