Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во јули граѓаните повеќе се задолжувале за потрошувачки и станбени кредити, а помалку за автомобилски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во јули граѓаните повеќе се задолжувале за потрошувачки и станбени кредити, а помалку за автомобилски
ЕКОНОМИЈА

Во јули граѓаните повеќе се задолжувале за потрошувачки и станбени кредити, а помалку за автомобилски

Објавено August 21, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули се искачи на 8,546 милијарди евра. Од нив 4,200 милијарди евра е долг на бизнисите, а 4,305 милијарди изнесува долгот на граѓаните. И овој месец пораснаа депозитите на граѓаните и бизнисите во банките. тие изнесуваат 10.058 милијарди евра.Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра. Граѓаните чуваат 6,765 милијарди евра во банките, а остатокот е на бизнисите.

Ова го покажуваат последните податоци на Народната банка, според кој во јули на годишно ниво и депозитите и кредитите пораснале за 13%, а на месечно ниво растот кај вкупните депозити изнесува 0,6%, колку што изнесува и растот кај вкупните кредити.

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1,0%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од 9,8%, а кај станбените кредити од 15,3%.

Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,8% на месечна основа, а на годишна основа забележаа пад од 1,0%.

Кредитите одобрени на кредитните картички се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво остварија пад за 7,4%.

Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,8% односно 0,7% во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се пониски за 4,9% односно 9,2%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките во Карпош, нема информации за повредени
Следна Статија Мицкоски: Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За еврообврзницата постигнавме најконкуретна цена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Германските земјоделци на нозе поради трошоците за гориво и ѓубрива

Владата на канцеларот Фридрих Мерц мора да преземе итни мерки за да го олесни товарот врз земјоделците кои се соочуваат…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Блумберг: Македонија урна рекорд во странските инвестиции – прилив од 838 милиони евра за девет месеци

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?