Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Објавено April 14, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Целта е да се направи прецизна тријажа – кои пациенти ќе продолжат со лекување во Македонија, а кои ќе бидат пренесени во странство.

Веќе работиме со тим од англиски стручњаци за изгореници. Заедно со нашите доктори подготвуваме евалуација која ќе одреди каде пациентите ќе се третираат понатаму – дома или во странство“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој информираше дека се очекуваат податоци од странските клиники за состојбата на пациентите, за да се направи план за понатамошен третман. Во моментов, девет лица се лекуваат во скопските болници, додека 48 се пренесени во странство.

Во Литванија имаме пациент кој е во стабилна состојба. Тамошните служби планираат да го задржат уште еден месец за целосна рехабилитација“, додаде Таравари.

Според него, повеќе држави изразиле подготвеност да преземат дел од пациентите без финансиски надоместок, особено оние на кои им е потребна долгорочна нега.

Не станува збор само за физикална терапија – туку и за респираторна и психолошка рехабилитација“, нагласи министерот.

Од следната недела, се подготвуваат капацитети во болницата „8 Септември“ за прием на дел од потешко повредените лица.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март, при што загинаа 61 лице, а речиси 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција
Следна Статија Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти,…

January 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал…

March 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Марија Срцева избрана за претседателка на Здравствениот совет

Професор д-р Марија Срцева е избрана за претседателка на Здравствениот совет, советодавно тело на министерот за здравство. Согласно Законот за…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

ААРП открива клучна промена во Medicare – позитивни вести за пензионерите

Организацијата за застапување на Американци над 50 години објаснува значаен update кој секој пензионер треба да го разбере.

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?